Македонија
4. December 2015 - 14:44

ССНМ го достави Нацрт-Колективниот договор до ВМРО-ДПМНЕ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска го достави Нацрт – Колективниот договор за медиумската индустрија до координаторот на пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ Илија Димовски.

- Секое од решенијата што ССНМ ги нуди во Нацрт-Колективниот договор се добредојдени за вградување при евентуалното менување на Законот за медиуми, затоа што со тие решенија се подобруваат правата на медиумските работници, што е еден од основните предуслови за слободата на медиумите, соопшти ССНМ.