Бизнис
1. May 2016 - 16:38

ССМ го шири членството - Светот на нозе во борбата за поголеми работнички права

Кампања за синдикално организирање на работници и мобилизирање на ново членство. Вака Сојзуот на синдикатите го одбележува Меѓународниот ден на трудот. Според најавите, кампањата ќе трае целата година и ќе се бара социјална правда, солидарност и колективно обезбедени работнички права.

ССМ најави и нови проекти за подобрување на заштитата и безбедноста на рабтниците, како што е правото на прекинување на производниот процес во погоните.

Дел од синдикалните организации во земјава најавија дека заради велигеднските празници протести ќе одржат утре.

Во меѓувреме, во Истанбул загина 57 годишен демонстрант откако го прегази полициско возило кое го носи водениот топ. Судирот со полицијата изби откако повеќе стотици демонстранти се обидоа да се пробијат до плоштадот Таксим, иако властите го забранија одбележување на денот во центарот на градот. Таксим е е место на судири на први мај откако на протестите во 1977 година беа убиени 36 луѓе, а 130 повредени. Годинава во градот на должност се распоредени 24.500 припадници на турските безбедносни сили.

На денешен ден во 1886-т, група работници од Чикаго започнале демонстрации со барање работниот ден да се скрати на осум часа.  Штрјакот прераснал во нереди и насилство со повеќе жртви. Организаторите на протестот биле изведени на суд, а четворица од нив погубени. Во нивно сеќавање социјалистичките организации три години подоцна го прогласиле први мај за меѓународен ден на трудот.