Бизнис
18. October 2017 - 19:49

ССК: Честите избори не се поволни за бизнисот

Бизнисмените мора да бидат сигурни дека ќе нема политички турболенции за да можат да инвестираат.

Без стабилна политичка состојба нема да има нови инвестиции .

Честите изборни циклуси ги намалија  инвестициските активности и доведоа до пад на производството и извозот, појаснуваат од бизнис секторот. 

Стопанствениците се плашат и од тоа да не дојде до ситуација да мора да го намалат бројот на работници за да ги исполнат квотите за исплата на минималецот.

- Не сакаме да се соочиме со проблеми во ликвидноста поради зголемување на трошоците кои компаниите реално немаат можност да ги издржат зашто им се зголемуваат, покрај сите останати парафискални давачки, и овие други давачки како што е зголемувањето на минималната плата. Не би сакале да се соочиме со ситуација во која приватниот сектор ќе почне да го намалува бројот на работните места за да ја исполни квотата за исплата на минималната плата, особено во трудоинтензивните дејности, потенцира претседателот на ССК.

За владиниот предлог дел од администрацијата да премине во приватниот сектор Арсовска вели дека прво треба да се направи анализа за тоа какви кадри има во јавниот сектор.

ССК го промовираше проектот Светска мрежа за мали бизниси. Околу 100 мали и средни фирми од змејава ќе бидат дел  од дигитална платформа на која ќе ги понудат своите производи и услуги на меѓународни партнери. Главен гарант за нивниот квалитет ќе биде СТО.