Српското собрание го усвои договорот со кој Белград ќе биде седиште на Транспортната заедница за државите на Западниот Балкан
Собранието на Србија го изгласа денеска Договорот за основање Транспортна заедница за земјите од Западниот Балкан, кој, како што најавија од српската Влада, треба да овозможи во Србија да биде седиштето на Секретаријатот на таа заедница.
Покрај Србија, потписници на договорот за основање Транспортната заедница се Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.
Целта на договорот е создавање на Транспортна заедница кој треба да овозможи нова перспектива на инфраструктурното поврзување на Балканот на полето на патниот, железничкиот, водениот и поморскиот сообраќај, побрз промет на стоки, како и развојот на мрежи помеѓу Европската Унија и земјите потписнички од Југоисточна Европа.
Според министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ, Договорот за Транспортната заедница на земјите од Западниот Балкан ќе овозможи да на 7 декември, на состанокот на министерскиот совет, се изгласа седиштето на Секретаријатот на Транспортната заедница за Западниот Балкан да биде во Србија.
За време на неодамнешната средба на премиерот Зоран Заев со српската премиерка Ана Брнабиќ во Белград, беше најавено дека Македонија ја подржува Србија, седиштето на Генералниот секретаријат на Транспортната заедница за ЈИЕ да биде во Белград, а Србија ја подржа Македонија да биде домаќин на Самитот за дигитализација во 2018 година во Скопје.
Спогодбата за Транспортна заедница за Западен балкан потпишана е во јули во Трст за време на одржувањето на Самитот меѓу ЕУ и државите на Западниот Балкан.
Ново на Сител
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев