Балкан
27. January 2017 - 18:46

Српските власти запленија рекордна количина на неоданочени цигари

Српската полиција денеска,при голема операција во градовите Белград, Краљево, Суботица и Нови пазар, заплени 653.450 пакети на неоданочени цигари, што претставува една од најголемите количини на запленети цигари во текот на 10 години. 

Вредноста на запленетите цигари се проценува на речиси еден милион евра. 

При операцијата се упасени пет лица. 

Поголемата количина од цигарите, што немале бандероли и документи за произвдство, биле пронајдени во импровизирани складови во регионот на Белград и Суботица, а другиот дел биле запленети во пет автомобили во моментот на транспорт.