Македонија
10. October 2016 - 16:47

Српските музичари реагираат на забраната на нивната музика во Македонија

Српските музичари не се согласуваат со одлуката на ЗАМП. Дел од нив се противат на забраната за емитување нивна музика во медиумите. Сметаат дека никој нема право на таков начин да го ограничува користењето на музичкиот репертоар на изведувачите. Фронтменот на групата Ван Гог вели дека единтсвено музичарите треба да се грижат за авторските права.

-  Им забранувам на сите да зборуваат во мое име и во име на моето издаваштво и создавање. Заклуок – политувана публико ширум Македонија, уживајте во музиката на групата Ван Гог , медиуми емитувајте ја музиката, не обрнувајте внимание на забраните од кои се оградувам. Нема потреба било кој да ме штити од мирољубивите , прекрасни луѓе кои ја сакаат музиката. Македонија те сака групата Ван Гог , а вие од институциите затворете ги вратите , препукувајте се но не преку наш грб, изјави Звонимир Ѓукиќ, фронтменот на Ван Гог.

На почетокот од месецов ЗАМП забрани емитување на српска музика во медиумите. Претходно од 20 -ти септември ја забрани и македонската. Од денеска пак медиумите не смеат да емитуваат словенска и црногорска музика.