Балкан
3. August 2016 - 21:54

Српскиот бизнисмен знаел дека ќе го убијат

Александар Стаменковиќ, сопственикот на познато кафуле во Белград, кој беше брутално ликвидиран, знаел што ќе се случи ден пред трагедијата.

42-годишниот угостител на “Пјаце дел кафе”, најверојатно бил и во бизнисот со дрога. Тој имал 4 џипа и 4 масерати возила.

Александар бил изрешетан со калаш пред својот локал. Ден пред кобниот настан се пожалил на својот пријател дека се плаши за безбедноста. Тој секој ден возел различно возило за да се заштити.

Засега не е познато кој го изрешета и зошто. Истрагата е во тек.