Балкан
24. September 2015 - 8:40

Српски медиуми: Хрватска забрани влез на нејзина територија за српски граѓани и автомобили

Хрватска забрани српски граѓани и автомобили да влегуваат на нејзина територија, јави Танјуг повикувајќи се на српската гранична полиција на преминот Батровци.

Откако  на полноќ почнаа контрамерките на српската Влада спрема Хрватска, во државата не се дозволува влез на лица со српски пасоши. Автомобили и автобуси со српски регистрации  се вратени од преминот Бајаково во Србија.