Фудбал
12. February 2016 - 12:46

Српската Суперлига „најдосадна“ во Европа

Англискиот „Мирор“ направи рејтинг- листа на „најдосадните“ лиги во Европа, односно 6-те шампионати во кои лидерите имаат огромна предност. 

На прво место е српската Суперлига во која Црвена Звезда има дури 25 бодови предност пред Чукарички. 
На второто место е француската Ла Лига во која ПСЖ е на прагот да ја освои и 4. титула во серија бидејќи има предност од 24 бода пред Монако. 
Понатаму следуваат  грчката лига каде неприкосновен е Олимпијакос, унгарската со Ференцварош , белоруската со БАТЕ Борисов и Швајцарија каде титулата му се насмевнува на Базел. 
За разлика од овие лиги многу поинтересно може да биде во Македонија каде Вардар е лидер со 5 „достижни“ бодови предност пред Шкендија.