Џет-Сет
26. May 2017 - 9:53

Српската старлета зад решетки, еве колку дрога е пронајдена во нејзиниот стан

Пејачката и поранешна учесничка во реалното шоу „Парови“, Ема Лапин (22) уапсена е вчера откако во нејзиниот стан се пронајдени вреќи со огромно количество наркотици.

Поранешната реалити ѕвезда во својот стан во кој живеела непријавена, имала околу 6 килограми марихуана спакувани во 23 пакети и во една кеа, како и една електронска вага со траги од марихуана.

Таа моментално е во притвор, а В.В.Ф. која е уапсена со неа, брзо е пуштена.