Балкан
26. November 2016 - 14:24

Српската полиција заплени 40 килограми експлозив и муниција

Српската полиција при претрес на една куќа во градот Краљево заплени 40 килограми експлозив, една рачна бомба и поголемо количество муниција, јави државната Радиотелевизија Србија (РТС).

Според истито извор, во полциската акција е приведен 63-годишниот сопственик на куќата.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ информираше дека акцијата била спроведена во текот на вчерашниот ден и дека оружјето и муницијата потекнувале од времето на конфликтите на Балканот во 90-те години на минатиот век.

- Властите нема да толерираат незаконско поседување на оружје и ќе преземат најстроги санкции против оние кои го препродаваат или користат, порача Стефановиќ.