Свет
23. November 2016 - 12:52

Српска пејачка ќе му пее на Трамп во Белата куќа?!

 
Легендарната народна пејачка Лепа Лукиќ во емисијата на Огнен Амиџиќ покрај љубовните маки од тинејџерските денови откри и дека сака да му запее на новиот американски претседател Доналд Трамп. 
 
-Концертите ме подмладуваат и одржуваат во живот, вели таа и додава дека на концертот била и Милка Милисавлевиќ, Србинката која осум години ги чувала синовите на Трамп.
 
Организирав и таа да дојде на концертот и ја видов во публика. Таа изрази желба да дојде на мојот концерт зашто ги обожава моите песни кои му ги пуштала и на Доналд Трамп, открива Лепа Лукиќ.
 
Додава дека Трамп и ги слушал песните па и таа би сакала да влезе и да му запее во Белата куќа.