Српска листа ја замрзна комуникацијата со Хашим Тачи
Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа писмено го информира претседателот на Косово, Хашим Тачи дека ја замрзнува секоја форма на комункација со него.
Според партскиот портпарол Игор Симиќ, во писмото упатно до Тачи, СЛ наведува дека неговата политиката во врска со позицијата и правата на Србите во Косово е „протвуставна, неправедна и штетна за српскиот народ“.
Српската листа смета Тачи „не направил ништо за спроведување на договорот од Брисел, иако и самиот е негов потписник“, посебно посочувајќи го „недостигот на негова ангажираност“ во врска со формирањето на Заедницата на српски општини.
Партијата, исто така, го обвинува Тали дека на локалните избори работел против интересите на СЛ „ангажирајќи при тоа и агенти“ за постигнување на целите.
- Со помош на вашиот соработник Елми Речица и структурите на тајната служба, работевте на уривање на легитимниот претставник на Српска листа, со цел да го донесите вашиот поданик Ненад Цветковиќ за градоначалник на Партеш, стои во писмото на СЛ до Тачи.
Како што јави дописникот на МИА, забелешката се однесува на изборите за градоначалник на Партеш, каде Српска листа прогласи победа, но изборните органи решија во оваа општина да се одржи и втор круг, поради „купување гласови“ од страна на партијата. Во Партеш, како и во 19 други косовски општини, вториот круг на гласање ќе се одржи на 19 ноември.
СЛ, исто така, изразува незадоволството и околу некои други нерегуларности при употребата на српскиот јазик и јазиците на другите немнозински етнички заедници во локалните и централните косовски институци.
На крајот од писмото, Српска листа наведува дека комункацијата со Тачи ќе ја обнови дури тогаш кога тој ќе запре со „таквите негови практики“.
Инаку, Српска листа е дел и од владината коалиција и без гласовите на нејзините пратеници Владата не би имала мнозинство во косовското Собрание.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово