Балкан
21. December 2017 - 20:49

„Српска листа“ демантира дека води разговори за формирање косовска армија

Српскиот политички субјект во Косово „Српска листа“ ги демантира информациите дека нејзини претставници разговарале со косовските власти во врска со трансформацијата на Безбедносните сили, во војска на Косово.

- Нашиот став околу ова прашање е јасен и непроменет. Ниту сме го смениле, ниту ќе го смениме ставот во врска со формирање војска на Косово, стои во демантот на партијата.

Демантот следува по изјавата на заменик министерот на Безбедносните сили, Агим Чеку дека во тек се разговори со „Српска листа“ околу ова прашање, како и за можна поддршка за измени во Уставот, кои се потребни за тоа.

Тој во интервју за „РТВ Ким“ додал дека не е дел од разговорите, но е запознат за текот на истите.

- Во тек се разговори со „Српска листа“, а не преговори. Верувам дека овие разговри ќе резултираат со преговори и заеднички консензус, посочил Чеку.