Фудбал
24. September 2017 - 11:16

Срна се повлекува поради допинг скандал?!

Поранешниот хрватски репрезентативец Дарио Срна се огласи по повод допинг скандалот, истакнувајќи дека се повлекува од фудбалот додека не заврши целиот процес.
 
Украинските медиуми, во средата, објавија дек Срна бил позитивен на допинг тестот по натпреварот во Лигата на шампионите против Наполи. Два дена подоцна УЕФА соопшти дека Срна не бил позитивен на допинг тест на натпревар во организација на европската куќа на фудбалот.
 
Поранешниот капитен на Хрватска во своето обраќање до медиумите наведува дека на 18.септември бил известен на од Националниот анти-допинг центар на Украина, дека неговиот допинг тест направен во март 2017 година бил позитивен.
 
„Сакам да истакнам дека никогаш свесно или со намера не сум земал некоја недозволена сусптанца, ниту пак на недозволен начин сум се обидел да ги зголемам своите спортски способности“, пишува Срна во своето обраќање до јавноста.
 
„Со цел да и се посветам на својата одбрана и да спречам секакво вознемирување на мојот тим и моите соиграчи, донесов одлука да се повлечам од сите фудбалски активности додека не заврши правниот процес кои е во тек. Во целост ќе се фокусирам на тоа за да ја сочувам мојата чест и честа на моето семејство“, пишува Срна.
 
Дарио Срна ја игра својата 14 сезона во Шахтјор. Тој е легенда на овој тим чии дрес го носел на 526 натпревари. За репрезентацијата на хрватска има одиграно 134 натпревари.