Кошарка
5. January 2016 - 8:35

Среќна победа на Антиќ и Фенербахче (Видео)

Екипата на Фенербахче за која настапи и македонскиот интернационалец Перо Антиќ  славеше минимално со 77-76 на гостински терен кај упорната екипа на Језилгиресун откако Богдан Богдановиќ погоди тројка од половина терен со звукот на сирената.

Со тоа тимот на Антиќ со 10 победи и 4 порази е на 2.место на табелата во Турција.Антиќ постигна 5 поени додека кај Језилгирусен настапи уште еден Македонец Кристијан Николов кој запиша 3 поени.
https://