-->
-->
Среќа по несреќа: Преживеал удар од гром, па добил милион долари на лотарија
-->
Канаѓанецот Питер Мекети може за себе да каже дека доживеал нешто невозможно – преживеал удар од гром и добил лото премија, пренесе весникот „Вашингтон пост“.
„Искрено, повеќе очекував уште еднаш да ме погоди гром“ – изјави овој среќник, кој минатата недела дознал дека добил милион долари на лото. Добивката ќе ја подели со Дајан Милер, која е вработена во продавницата на Мекети, бидејќи подолго време заедно уплатуваат лото ливчиња.
Громот го погодил кога имал само 14 години додека се обидувал да го извади чамецот со кој пловел на копното, а слично непријатно искуство имала и неговата ќерка пред неколку години.
Шансите вас и вашата ќерка да ве погоди гром и да добиете премија на лото се еден спрема 2.600 милијарди, пресметала на молба на „ABC”, Софи Легер, професорка на Универзитетот Монктон.
„Тоа е скоро невозможно, но сепак се случило. Тоа ни кажува дека во животот сепак се возможно“ – изјави професорката.
Мекети изјави дека својот дел од добивката планира да го потроши на своето хоби – готвењето, а неговата вработена Дајан Милер изјави дека нема намера да ја напушти работата а парите ќе ги потроши на одмор и патување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд