Живот
23. April 2017 - 21:26

Среде ноќ го разбудила ќеркичката која молела за помош: Се заледил кога видел што има на раката!

Семејството Петигра од Австралија отишло на кампување на австралискиот остров Моретон. Се делувало супер, додека таткото во пет часот наутро не слушнал како неговата деветгодишна ќерка Габи низ стиснати заби шепоти „помош“, додека околу рака и бил обвиткан питон долг околу 2,5 метри.

Малата Габи била како заледена, а змијата цврсто и била обвиткана околу раката. Шокираниот татко со сите сили се обидел да го спаси детето.

-Толку цврсто и беше обвиткана околу рака, што колку повеќе се обидував да ја тргнам, толку повеќе ја стискаше Габи. А потоа ги зари забите во нејзината рака. Сигурно многу ја болеше, но Габи успеа да остане прибрана. Јас немав поим што правам, па инстинктивно ја зграбив змијата за уста и и ги раздвоив вилиците. Некако успеав да го ослободам детето од стисокот на змијата и ја пуштивме назад во шумата, вели таткото.

Голема среќа во несреќа е што питонот не спаѓа во отровни змии, па истрауматизираното девојче останало вон животна опасност, но со лузната која и остана на раката, засекогаш ќе се сеќава на овој ужасен настан.