Македонија
16. January 2018 - 16:12

Средбата во куќата на Жан Моне за внатрепартиско помирување се одлага

Се одлага процесот Жан Моне во кој власта и опозицијата требаше да го подобрат политичкиот дијалог со средби надвор од државата. Процесот беше инциран од страна на тројката европратеници Иво Вајгл, Едвард Кујкан и Кнут Флекенштајн во октмври, а првиот состанок во куќата на Моне во близина на Париз првично беше закажана за 25 и 26 јануари.

Партиските претставници на власта и опозицијата требаше да најдат заеднички јазик за реформските закони кои Брисел бара да се донесат со консензус, потоа за законите за кои треба 2/3 мнозинство, но и за нов собраниски Деловник и Кодекс по кој треба да се однесуваат пратениците.

Како што ни потврди Талат Џафери нема нов датум кога би се одржале средбите, а дека првично закажаниот состанок е одложен поради смената во раководството и органите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.  

„Дали ќе се оди во Париз зависи од опозицијата односно од нивната подготвеност и детерминираност да ја поддржат инцијативата и да земат учество во таква форма на комуникација и дијалог“, коментира и координаторот на СДСМ. 

Тој вели  би поддржале каква било инцијатива за комуникација со опозицијата, па макар биле и неформални. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека засега воопшто не ни размислуваат за инцијативата.

-Воопшто не е разговарано за состанокот, дополнително ќе одлучуваат, вели Србов од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно оваа партија одбиваше средби за внатршени прашања надвор од државата или под покровителство на странците.

На процесот треба да му претходат работни груп. Нашите информации велат дека се формирани  две работни групи од правни екперти од обете страни што треба да работат на усогласување на пакетот закони за реформи во правосудството и обвинителството. Имало и една средба и неколку телефонски разговори меѓу координаторите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ –Тунтев и Владимир Ѓорчев. Готови се и драфт-верзиите на Деловникот и Кодексот на пратениците.

Но,  од ВМРО -ДПМНЕ велат дека во моментов има застој бидејќи за нив нема демократски услови за дијалог во ситуација кога се уште трае притворот на осомничените за настаните од 27 април.