Македонија
21. February 2018 - 16:15

Средбата Ердоган-Иванов и нивните ставови за името топ тема во грчките медиуми

Грчките медиуми со голем интерес ја проследија средбата на двајцата претседатели во Анкара. Во бројните и бомбастични наслови во стилот Ердоган и Иванов фрлаат оган во преговорите, се констатира дека  шефовите на две држави  имаат заеднички позиции, кои се спротивни на грчките ставови за решавање на името.  

Грчките медиуми, без доплнителни коментари и анализи,  ја пренесуваат  изјавата на македонскиот претседател  дека „задирањето во прашањата како што се јазикот, идентитетот и Уставот не придонесува, туку го отежнува процесот за изнаоѓање решение“, како и ставот на неговиот турскиот домакин дека „тие први ја признале земјата под уставното име Република Македонија“.  

Сепак спорот за името, денеска не е на врвот на политичката и медиумска агенда во Грција. Големиот скандал со швајцарската компанија за лекови Новартис, денеска е во грчкото собрание каде ќе се дебатира дали да се покрене истрага против десетината пратеници кои се посочени дека примале мито од фармацевтскиот гигант. Грчкиот премиер инсистира сите вмешани во скандалот да си понесат одогворност, а тука спага и поранешниот премиер Андонис Самарас.

Опозицијата сега се заканува дека ако Ципрас продолжува да ги притиска со аферата Новартис тие ќе бараат истрага  за спорната пратка на оружје на Саудиска Арабија која ја потпишал неговиот коалиционен партнер и министер Панос Каменос. Во ваква подгреана атмосфера на скандали, се заборава прашањето за името, порачуваат грчките аналитилари. Според атинскиот политиколог Ципрас намерно ја  лансирал аферата Новартис за да го одврати внимението од други проблеми, посебно оној во врска со спорот околу името Македонија. Тоа сепак не го менува фактот дека обвиненијата не се вистинисти и дека целиот скандал ќе има брза разрешница.