Македонија
21. September 2017 - 16:16

Средба Заев- Хан во Њујорк: Демократските процеси и реформи во Македонија важни за перспективите на целиот регион

Еврокомесарот Јоханес Хан и шефицата на европската дипломатија Фредерика Могерини го охрабриле премиерот Зоран Заев, неговата влада да ги продолжи реферомите кои ќе треба да овозможат напредок во евроинтегративниот процес.

Заев вчера во Њујорк имал средба со Хан, а потоа и со Могерини.

-Продолжете да работите демократски на започнатите реформи. Тоа што ќе го постигнете е важно за песпективите на вашата држава и за целиот регион, била пораката од еврокомесарот Хан, што ја поренесува владината Прес служба.

 

Хан ги оценил иницијативите на македонската Влада за добрососедство и регионална соработка како корисни во процесот на интегрирање на целиот Западен Балкан во евро-атлантските интеграции.

 

Владината прес служба посочува дека Премиерот Заев на средбите соопштил дека Владата е активно фокусирана на реализација на реформскиот План 3-6-9 и на потребните активности за остварување на стратешките евро-атлантски цели на државата, поради што владта очекува Брисел да демонстрира исчекор во процесот на интеграција.

 

-Ја заокружуваме првата фаза според предвидениот рок, до крајот на септември. Го имаме Извештајот на експертот од ЕУ, Прибе и неговите сугестии ќе бидат земени предвид во вториот дел од Планот на којшто веќе работиме. Со право очекуваме исчекор во европските интеграции на есен, преку тргање на условеноста на препораката, а потоа и датум за преговори. Паралелно сметаме дека ги исполнуваме потребните услови и за интеграцијата во НАТО, им посочил Заев на Могерини и на Хан.