Македонија
24. January 2018 - 16:53

Средба Заев-Ципрас во Давос - во сабота лидерска средба за предлогот на Нимиц

Додека светот ја крои економската политика, во Давос Македонија и Грција кројат план за решавање на деценискиот проблем. Прва средба помеѓу Заев и Ципрас, но и прв разговор по новата рамка која Нимиц минатата недела им ја предаде на преговарачите. Од македонската влада се оптимисти, поради како што велат позитивната атмосфера во двете земји.

Во сабота во 18 часот во клубот на пратеници започнува процесот на координација, помеѓу државниот врв но и партиските лидери. Претседателот Иванов, премиерот Заев, министерот за надворешни работи но лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски ќе седнат на заедничка маса.

Освен предлог рамката на Нимиц, дел од координацијата ќе биде и разговорот помеѓу двајцата премиери од Давос.

Идната недела во Скопје доаѓа и посредникот Метју Нимиц, кој како што најави очекува да ги слушне реакциите во двете земји две недели по понудениот предлог. До оваа средба се очекува да се утврдат позициите но и забелешките и во Скопје и во Атина.