Бизнис
17. јуни 2017 - 17:24

Средба во министерството за земјоделство посветена на откупот на пченицата

Почнаа подготовките за откуп на пченицата од годинашната реколта. На средба со министерот за земјоделство денеска беа и откупувачите членки на коморите . Тие со став дека  сеуште е рано да се оцени по која цена ќе го откупуваат лебното зрно откако минатата недела земјоделците на слична средба изјавија  дека нема да прифатаат пониска цена од 12 денари за килограм. 

Дополнителен проблем според министерот за земјодлество предизвикува одлуката на претходната влада со која пченицата од стоковите резерви е продадена по многу ниска цена.

Минатата недела Агробизнисмените побараа државата преку Бирото за стокови резерви  да спроведе интервентен откуп на пченицата. Да се откупат 50 000 тони по цена од 12 денари за килограм. Резервите да се чуваат до крајот на годината и потоа да се продадат по повисока цена.

Годинава се очекуваат двојно помали приноси на пченица, поради што можно е да има зголемување на цените на лебот и на другите пекарски производи.