Македонија
28. September 2016 - 18:37

Средба на Зврлевски со Жбогар

Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски попладнево оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската унија во земјава, амбасадорот Самуел Жбогар.

Од ОЈО информираат дека на средбата, која била од протоколарен карактер, се разговарало за улогата и поставеноста на Јавното обвинителство на Република Македонија, како надлежен орган за спречување и борба против криминалот.