Средба на Заев со претставничката на УНДП за Македонија Луиза Винтон
Мандатарот за составување влада и претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска имаше средба со постојаниот претставник на Обединетите нации и претставник на УНДП за Македонија Луиза Винтон, на која како што информираат од партијата било разговарано за текот за формирање влада и евро-атлантскот процес на Македонија.
Како што соопшти СДСМ, Заев на средбата информирал за текот на преговорите за составување на новата влада и тоа дека евро-атлантската иднина на Македонија е меѓу приоритетите на новата влада.
- Посветени сме на квалитетни кадровски решенија во сите ресори на новата влада, кои ќе работат демократски и посветено на квалитетот на живот за сите граѓани. Државата брзо ќе биде подготвена да продолжи напред, рече Заев.
Тема на разговорот бил и демократскиот и општествен развој на Република Македонија и потребата од градење на Македонија во правна држава.
- Граѓаните сакаат да живеат и работат заедно, имаат заеднички проблеми и подготвени се заеднички да ги решаваат. Тоа го покажа поддршката на граѓаните на изборите, на концептот едно општество за сите, што сега е столб и на владината програма и ние така ќе ја развиваме Република Македонија, изјави Заев, се наведува во соопштението на СДСМ по средбата со Винтон.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри