Македонија
10. November 2016 - 15:24

Средба на претседателот Иванов со американскиот амбасадор Бејли

Билатералните односи меѓу Македонија и САД, актуелните состојби во двете земји, како и состојбите во поширокиот регион на Југоисточна Европа беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и американскиот амбасадор Џес Бејли. На средбата Иванов го честиташе изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Македонскиот претседател изрази очекување дека ќе продолжи американската поддршка за надворешно политичките цели и приоритети на Република Македонија - интеграцијата во евроатлантските структури, добрососедските односи и регионалната соработка. 

Двајцата соговорници се согласија за натамошно зацврстување, збогатување и унапредување на стратегиското партнерство меѓу Република Македонија и САД.