Балкан
18. December 2017 - 8:43

Средба на Могерини со премиерите од Западен Балкан

 Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска во Брисел ќе се сретне со претседателите на владите на шесте држави од Западен Балкан.

Како што соопшти прес-службата на високата европска претставничка, предвидено е Могерини да организира работна вечера со премиерите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, на која ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Целта на оваа нова средба на високата претставничка на ЕУ во форматот „западнобалканска шесторка“ на највисоко ниво, е зајакнување на соработката и размена на мислења за регионални теми, се наведува во соопштението.

Западен Балкан Премиери Могерини

Според најавите, се очекува европските претставници и премиерите од Западен Балкан да разговараат за европските перспективи на регионот и регионалната соработка.

Предвидено е пред вечерата Могерини да има и билатерални средби со некои од западнобалканските премиери.