Средба на министерот Шапуриќ со Комората на овластени архитекти и инженери
Министерот без ресор Зоран Шапуриќ оствари средба со претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Средбата, како што денеска соопштија од Кабинетот на министерот Шапуриќ, е реализирана на покана од претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери Миле Димитровски.
На средбата присуствувале околу четириесетина инженери-членови на Комарата, кои го запознале министерот Шапуриќ со проблемите со коишто се соочуваат при извршување на нивната работа и изразиле очекување за понатамошна соработка.
Министерот Шапуриќ истакнал дека членовите на Комората имаат активна улога во процесот на инвестирање во државата преку проектирање, ревизија на проекти и вклучување во сите фази на изведбата и надзорот. Шапуриќ нагласил дека определбата на Владата е да создаде интерактивна комуникација со сите структури на бизнис секторот со цел создавање на бизнис клима која ќе ги изедначи домашните со странските инвеститори. Во оваа насока, посочил министерот Шапуриќ, се планираат реформи во регулативата која се однесува на овие области.
Се планира и поттикнување на изградбата на индустриски објекти од страна на домашните инвеститори коишто ќе создаваат производи наменети за извоз кои ќе бидат супституција на увозот, што пак би довело кон намалување на надворешно-трговскиот дефицит. Развојот на индустријата, како што посочил, ќе се води во насока на решавање на проблемите во животната средина со што покрај економски, ќе се создаваат и еколошки бенефити за земјата и граѓаните.
Во комората членуваат околу 7.500 инженери, од кои 3.500 се лиценцирани.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората