Средба на министерот Бектеши со амбасадорот Река
Проектот за изградба на далноводот Битола-Елбасан, кој се очекува да ја стабилизира и зајакне дистрибутивната мрежа за електрична енергија, бил една од темите на средбата на министерот за економија Крешник Бектеши со албанскиот амбасадор во Македонија Фатос Река.
На средбата, како што соопшти Министерството за економија, министерот Бектеши ја пофалил одличната соработка помеѓу двете држави во сите области, особено економската соработка.
- Двајцата соговорници се согласија за продлабочување на меѓусебната соработка преку поголема трговска размена, зголемување на бројот на туристи во двете земји и поттикнување на инвестициите кај бизнис секторот во различни капацитети во Македонија и Албанија, се вели во соопштението.
Албанскиот амбасадор Фатос Река, како што информираат, упатил покана до министерот Бектеши за официјална посета на Република Албанија.
Ново на Сител
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден