Македонија
10. September 2015 - 16:35

Средба на министерот Адеми со турскиот амбасадор Солендил

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска имаше работна средба со амбасадорот на Турција во Македонија Омур Солендил на која оценија дека соработката меѓу двете земји во областа на образованието е добра и дека во иднина ќе продолжат заложбите за нејзино интензивирање, информира Министертството за образование и наука. 

- Соговорниците оценија дека успешната соработка во високото образование меѓу универзитетите од двете земји, размената на искуства во сите нивоа, заедничкото учество во научни меѓународни конференции ќе влијаат во развојот на образованието и науката. Министерот Адеми им се заблагодари за поддршката на Турција во областа на образованието и науката, особено им се заблагодари за поддршката  на националната агенција ТИКА. Турскиот амбасадор во земјава Омур Солендил истакна дека неговата земја ќе ја поддржи Република Македонија во развојот на сите процеси во областа на образованието и науката, неведува МОН во соопштението.