Македонија
18. January 2017 - 20:19

Средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

 Претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, денеска остварија средба на која што акцентот во разговорите беше ставен на две точки и тоа анализа на резултатите од изборите одржани на 11 декември, кои беа оценети како слободни фер и демократски, како и анализа на актуелната политичка состојба.

Како што информираат од двете партии, двајцата лидери размениле мислења за актуелната политичка ситуација по изборите и за престојните предизвици на тој правец.