Македонија
30. April 2017 - 21:49

Средба на коалицијата „За подобра Македонија“

Актуелната политичка ситуација, како и најновите случувања во македонскиот Парламент, вклучително и незаконскиот обид за избор на претседател на Собранието, беа тема на разговор на денешната средба на коалицијата „За подобра Македонија“ што се одржа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

- На средбата беше осуден нелегалниот, противуставен и незаконски обид за избор на претседател на собранието од страна на СДС. Исто така, се осудуваат провокациите од страна на СДС и Зоран Заев кои со своето однесување го предизвикаа револтот на граѓаните.Прекршени се уставот, законите и деловникот, и за тоа мора да има одговорност, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Коалицијата „За подобра Македонија“, се додава во соопштението, осудува насилвство и смета дека тоа не треба да биде начин на комуникација и оти е потребно смирување на страстите и ноесење на одлуки во согласност со Уставот и законите.