Средба на Груби со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс
Состојбата во Македонија и во регионот, интегративниот процес во НАТО и ЕУ, прашањето за името, јазичната еднаквост и системските реформи, беа темите за кои денеска разговараа претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби и амбасадорот на Унгарија Ласло Дукс.
На средбата во Собранието на Република Македонија, Дукс ја нагласи силната поддршка од унгарска страна за македонското интегрирање во НАТО и ЕУ.
Груби го информира амбасадорот дека Комисијата, со поддршка на сите 26 членови и заменици, едногласно ја усвои Декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси во НАТО и ЕУ.
- Оваа Декларација е обврска од Пржинскиот договор и целосната поддршка од страна на сите пратеници е големо постигнување и посветување кон реформите, рече Груби и нагласи дека овој процес ќе го води на транспарентен, сеопфатен начин, во партнерство со меѓународната заедница и цивилното општество.
Груби и амбасадорот Дукс разговараа и за јазичната еднаквост. Во овој контекст, Груби ги нагласи очекувањата дека законот за јазикот ќе се усвои што поскоро.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност