Македонија
17. November 2017 - 16:40

Средба на градоначалникот на Прилеп со постојаниот координатор на ОН Луиза Винтон

Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски денеска оствари средба со Луиза Винтон, постојан координатор на ОН и постојан преставник на Програма за развој на ОН (УНДП) во Македонија.
 
На средбата се разговараше за можностите за идна соработка, и за сферите во кои може да се реализираат идни проекти помеѓу општина Прилеп и УНДП, со цел да се подобри квалитетот на животот на граѓаните.
 
Јованоски потенцираше дека општина Прилеп е отворена за соработка со ОН и УНДП и дека ќе ја поддржи реализацијата на сите проекти што се во интерес на граѓаните во општината