Свет
6. September 2016 - 11:30

Средба на АСЕАН во Лаос

Средбата на врвот на Асоциацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), на која треба да бидат разгледувани најразлични теми - од тероризмот до ситуацијата во Јужнокинеското Море, започна денеска во главниот град на Лаос, пренесува БТА.

Во АСЕАН членуваат 10 држави - Брунеи, Камбоџа, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Филипини, Сингапур, Тајланд и Виетнам.

Форумот уследи по серијата средби помеѓу земјите во регионот и по средбата помеѓу раководителите на земјите од АСЕАН и лидерите на САД, Кина, Русија, Индија, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.

Претседателот на САД, Барак Обама пристигна синоќа во Лаос и в четврток ќе учествува на средбата.