Македонија
17. January 2017 - 17:56

Средба на Ахмети со албанскиот амбасадор Река

Политичките случувања во земјава и регионот по изборите на 11 декември беа тема на разговор на денешната средба меѓу претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети и албанскиот амбасадор во Македонија Фатос Река.

- Ахмети го запозна амбасадорот Река дека продолжуваат интензивните консултации со партиските тела, со интелектуалци и претставници на граѓанското општество и меѓународната заедница, на дневна основа, соопшти ДУИ.

Тој истакнал дека изјавата на албанските политички партии е заеднички производ од нивните изборни платформи и изразил уверување за искрено и конструктивно охрабрување на Тирана и Приштина за ова внатрешно постигнување.