Македонија
3. April 2017 - 16:53

Средба Иванов - Туск во Скопје, теми најавата за нов мигрантски бран и политичката криза

Мојот став останува непроменет. Правната и политичката пречка мора да се отстранат. Целта на двата услова е новата влада да не биде оспорена од ниту една страна и по ниту една основа. Мојата одлука е превентивна, за да спречиме штетни последици со кои би се соочиле. Уценета Влада е нестабилна Влада со краток рок на траење и штетни последици, рече претседателот Ѓорге Иванов по денешната средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во „Вила Водно“.