-->
-->
Средба Димитров – Могерини во Брисел
-->
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се сретна со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Од кабинетот на министерот е соопштено дека станало збор за стабилноста на регионот и за европската интеграција на Македонија.
- Македонија се врати на европскиот пат, како со домашната реформска агенда, така и со влогот и решителноста за градење мостови и пријателство со соседите. Македонија денес е шанса, но и заедничка обврска со ЕУ, да покажеме дека не само што можеме да стопираме криза, туку и да создадеме неповратен успех - Република Македонија конечно да излезе од чекалната и да започне пристапни преговори со Унијата, изјави Димитров за МИА по средбата, јави дописникот на МИА од Брисел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада