Македонија
26. November 2015 - 14:17

Среда е неработен ден

Втори декември (среда) е неработен ден поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“, информира денеска Министерството за труд и социјална политика. 

Одлуката е согласно Заклучокот од седницата на Владата на Република Македонија одржана на 21.11.2015 година, поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“.