Македонија
2. August 2015 - 16:36

Срцев удар е причина за смртта на 46 годишниот кратовчанец пронајден во водите на охридското езеро

Срцев удар е причината за смртта на 46 годишниот Гоце.И.од кратовското село Живалево кој синоќа беше пронајден удавен во водите на Охридското езеро.Медицинската екипа констатирала дека врз телото не се забележани траги на насилство .Тој за исчезнат бил пријавен од страна на неговите роднини , а беживотното машко тело беше пронајдено од спасителите на вода од Црвениот крст во близина на Парк и Горица 1 на една од дивите плажи во овој комплекс.

Од единиците за спасување на вода подготвени за навремено интервенирање долж охридските плажи  .

Досега спасителите на вода имале 14 извлекувања на давеници на охридско струшкото крајбрежје и преку 200 интервенции на укажување прва помош . Инаку пред само неколку дена на истиот тој комплекс од страна на езерската полиција беше пронајдена жена како плива откако претходно беше пријавена за исчезната во охридската полиција.