Џет-Сет
19. September 2017 - 21:27

Срцето ќе ви се стопи: Овој маж ќерката на Цеца го држи на позадината од телефонот

Анастасија Ражнатовиќ со новата објава на Инстаграм ги разнежни и најледените срца.

Ќерката на Цеца редовно објавува детали од приватниот живот на Инстаграм па тоа го направи и сега.

Таа откри дека еден маж го зазема посебно место во нејзиното срце, па го држи на позадината на мобилниот телефон. Во прашање е нејзиниот татко Жељко Ражнатовиќ.

Иако Анастасија била уште малечка кога нејзиниот татко умре, таа на сите им стави до знаење дека и натаму мисли на него.

„Секогаш во моето срце и во мојата глава“, напиша Анастасија на фотографијата.