-->
-->
Србинот Митровиќ потпиша за Њукасл
-->
Премиерлигашот Њукасл Јунајтед го потврди трансферот на Александар Митровиќ. Напаѓачот кој две сезони го носеше дресот на Андерлехт, ги минал лекарските прегледи и потпишал петгодишен договор со Њукасл Јунајтед.
Српскиот репрезентативец, кој од Партизан пред две сезони се пресели во Андерлехт, за трофејниот белгиски клуб постигна 30 голови на 78 натпревари.
„Секако дека овде притисокот и очекувањата ќе бидат поголеми, но јас го сакам тоа. Знам кои великани играле за Њукасл, на пример Алан Ширер кој е мојот идол. Ми преставува чест што ќе го носам овој дрес“, рекол Митровиќ.
Трансферот на Митровиќ, кој има 20 години и кој за Србија има одиграно 13 натпревари, изнесува 18 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023