Фудбал
20. July 2016 - 13:42

Србинот Мажиќ ќе го суди Суперкупот

Европската фудбалска унија (УЕФА) соопшти дека Суперкупот на Европа ќе го суди српскиот судија, Милорад Мажиќ.
 
Суперкупот е натпревар во кои играат освојувачите на Лигата на шампионите и Лига Европа. Оваа сезона тоа се шпанските екипи Реал Мадрид и Севилја, а натпреварот ќе се одигра на 9. август во Трондхајм, Норвешка.
 
Мажиќ на неодамна завршеното Европско првенство судеше на три натпревара, а беше во најтесниот круг за финалниот меч.
 
Во кариерата српскиот судија двапати им судел на Реал и Севилја. На Реал му судел во сезоната 2014/2015 против Базел (1-0) во фазата по групи и против Атлетико во четвртфиналето (0-0).
 
На Севилја ѝ судел против Валенсија, во четвртфиналето во Лига Европа (1-3), во сезоната 2013/2014, а потоа во финалето против Бенфика (1-1, пенали 4-2) бил четврти судија.