Балкан
14. December 2017 - 16:02

Србија наредната година ќе биде домаќин на симулациска вежба на НАТО

Србија наредната година првпат ќе биде домаќин на теренска симулациска вежба во областа на вонредни ситуации во заедничка организација со НАТО, односно Евроатланскиот центар за одговор во случај на катастрофа.

Како што пишува порталот Јуропиен вестерн Балканс, Србија успешно учествуваше во слични вежби кои минатата и оваа година се одржаа во Црна Гора и Босна и Херцеговина, што покажува континуитет на соработка и на овој план.

Кога е во прашање јавната дипломатија, се стекнува впечаток дека на овој план постои далеку повеќе простор за усовршување, констатира Бранимир Филиповиќ, вршител на должноста помошник министер за надворешни работи на Република Србија, истакнувајќи дека таа област е проблематична.

- Областа на јавната дипломатија е идентификувана како „најслаба алка“ со оценка дека е потребно дополнително ангажирање и од наша и од страна на НАТО за подобро информирање на јавноста за дометите на меѓусебната соработка, рече тој.