Фудбал
19. September 2017 - 14:39

Србија најави изградба на национален стадион

Првите луѓе на град Белград и на ФС на Србија Синиша Мали и Кокеза објавија дека имале работен состанок на кој е заклучено од наредната година да се гради супермодерен национален стадион на кој би се играле натпревари од највисоките стандарди на УЕФА како што е финале на ЛШ, ЛЕ и Суперкуп. 

На состанокот присуствувале и претставници на фирмата Фенвик Ирибарен Архитектс познато по изградбата на голем број супермодерни стадиони во Европа и најмногу се разговарало за избор на локација  како прв чекор во остварување на проектот. 
Стадионот се очекува да биде со капацитет од 60 000 места  и  веднаш штом се избере локација ќе се пристапи кон фазата на проектирање.