Фудбал
22. August 2016 - 15:22

Србија бара, парите од Звезда и Партизан да се дадат на врвните спортисти!!!

По последните успеси на Србија на ЛОИ во Рио се огласија и вљубениците во спортот кои предлагаат парите кои српската држава од буџетот и некои големи фирми ги одвојуваат за фудбалските клубови Црвена Звезда и Партизан да се пренасочат за финансирање на врвните спортисти кои освојуваат медали на големите натпреварувања како што се ЛОИ во Рио но и другите натпреварувања. 

Пред некое време премиерот Вучиќ на собраниска седница изјави: „Како држава плаќаме рекет за да навивачите не би ни скандирале - педери“....
Вучиќ и овојпат е прозван со барање парите од Ц.Звезда и Партизан да се пренаменат за хероите од Рио. 
Граѓаните на Србија никој не ги прашува каде одат нивните пари. Најдобрите фудбалски клубови во Србија се финансираат што од буџетот што од силните претпријатија како Газпром и НИС Србија. Со тие пари се прави апсурд па еден просечен фудбалер заработува од 150-200 илјади евра годишно додека европските, светските и олимписки прваци ватерполистите тренираат во ладни базени, веслачите тренираат во кал, таткото на Новак Ѓоковиќ со години молеше за помош...
А што имаме сега Звезда загуби убедливо од просечниот италијански тим Сасуоло, Партизан од непознатото Заглебје.....
Време е велат познавачите да се оддели врвниот од професионалниот спорт. 
Опозиционерот Владимир Ѓукановиќ смета дека не треба да им се даваат пари на Звезда  и Партизан бидејќи раководствата од двата клуба имаат сигурни пари и затоа одбиваат да се приватизираат. 
Дајте укинете им ги парите од буџетот па нека испаднат во Втората српска лига па да видиш како ќе се приватизираат. Во клубовите се сега луѓе кои не сакаат да инвестираат свои пари туку само да грабаат. 
Време е фудбалот да стане аматерски и како во некогашна Југославија да се форсираат младите кои потоа ќе преминат во професионалци.....