Ракомет
9. April 2016 - 19:40

Срамен настап и пораз од Тунис: Вторпат збогум ОИ

 
Срамен настап и пред се пораз на македонските ракометри во обидот да се обезбеди учество на Олимпијадата во Рио.
 
Македонија доживеа дебакл во клучниот дуел со Тунис 26-32 во квалификациски меч во Гдањск, со што репрезентацијата на Македонија и дефинитивно ја пропушти и втората можност за настап на Олимпијадата. 
 
Очајниот почеток на натпреварот особено во првите петнаесет минути во кои Тунижаните постигнаа 10, а нашите ракометари само три гола (сите на Лазаров) го навестија конечниот епилог на овој меч. 
 
Противникот на полувремето замина со седум гола предност (10-17) кои во вториот дел успеа рутинирано да ги сочува, за на крајот да се радува на победа со конечни 32-26 за втор триумф во квалификациите и пласман на Олимпијадата.
 
Бадијала беа 8-те гола на капитенот Кирил Лазаров кога оваа генерација на македонски ракометари ја пропушти и втората шанса (можеби и последна за многумина од нив) за учество на најголемиот светски спортски настан.
 
За Македонија останува уште утрешниот меч против Чиле, селекција која вечерва игра против домаќинот на овој турнир Полска.