Спорт плус
15. March 2017 - 19:58

Спустот во Аспен за Словенката Штухец

Словенката Илка Штухец победи на денешниот спуст што се одржаа во американскиот ски центар Аспен. Штухец триумфираше убедливо со 66 стотинки пред Американката Линдзи Вон, а трета заврши Софија Гоџиа од Италија. 
Со денешната победа Штухец ја потврди првата позиција во спуст и го освои кристалниот глобус со 597 бодви од 8 трки, пред Гоџиа. Во генералниот пласман води Америкната Михаела Шифрин со 1523 бодови, додека Штухец има 1245 по 34 одржани трки.