Спорт плус
16. March 2016 - 15:10

Спуст: Кристалниот глобус за Фил

Швајцарецот Беат Фојц победи на последиот спуст во сезоната, кој се одрша во Сент Мориц. Покрај Фојц, славеше и Италијанецот Петер Фил, кој го освои малиот Кристален глобус, како вкупен победник во спуст оваа сезона.
 
Фојц до триумфот стигна со време од 1:40.44 минути, што за само осум стотикнки беше побрзо од остварувањето на Американецот Стив Ниман кој заврши на второто место. Трет со време 1:40.98 беше Канаѓанецот Ерик Гај.
 
Фил трката ја забрши на десеттото место, што му беше доволно за вкупен триумф, бидејќи неговиот единствен конкурент во борбата за малиот Кристален глобус во спуст, сонародникот Доминик Парис, се пласираше на 19-то место.
 
Во вкупниот пласман Фил победи со 462 бодови, 18 повеќе од Парис.