-->
-->
Спроведена општа дератизација на подрачјето на општина Кочани
-->
Согласно Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани за 2017 година е извршена превентивна дератизација на повеќе места во градот и населените места.
Дератизацијата е извршена на Градската депонија и на канализациските системи во градот Кочани како и во селата Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Тркање, Прибачево и Оризари.
- Општата дератизација се реализираше со стручни екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје во координација со Општина Кочани и со технички лица од КЈП „Водовод“, истакнуваат од општина Кочани.
За вкупната дератизација во општината беа употребени 240 килограми кумарински препарати поставени во околу 2 илјади шахти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата